Кејт Мидлтон ѝ оддаде почит на принцезата Дајана на состанокот со сопругата на Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Новата принцеза од Велс, Кејт Мидлтон (40) се сретна во Бакингемската палата со сопругата на украинскиот претседател Владимир Зеленски (44), Олена Зеленски (44), во пресрет на погребот на кралицата Елизабета Втора. За таа прилика, Кејт носеше бисерна нараквица која некогаш ѝ припаѓаше на принцезата Дајана.

На средбата со Олена, Кејт носеше едноставен црн фустан, а комбинацијата ја комплетираше со бисерна нараквица од  принцезата Дајана.

Лејди Ди ја носеше истата нараквица додека беше на турнеја во Хонг Конг со нејзиниот тогашен сопруг Чарлс.

Нараквицата му била предадена на принцот Вилијам (40) по смртта на Дајана, а тој подоцна ѝ ја подарил на сопругата Кејт.

Мидлтон во изминатите неколку дена неколку пати ја носеше бисерната нараквица, а последен пат беше на ручек на генералните гувернери на Комонвелтот на нациите во Бакингемската палата.

Слични содржини