Кејт Мидлтон одговори на писмо во кое девојче го поканило принцот Џорџ на роденден

од Stefanija Kuzmanovska

Членовите на кралското семејство секојдневно добиваат големи количества пораки од обожавателите и невозможно е да се одговори на сите. Затоа шестгодишното девојче се почувствува почестено кога доби одговор од војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (40).

Имено, девојчето му пишало на принцот Џорџ (9) и го поканила на нејзиниот шести роденден. Иако одговорот на писмото пристигнал неколку месеци по нејзиниот роденден, нејзината мајка била воодушевена и решила јавно да ја сподели содржината на писмото.

„Војводата и војвотката од Кембриџ ме замолија да ти се заблагодарам за писмото во кое го покани принцот Џорџ на неговиот шести роденден. Жал ми е што мораше да чекаш толку долго за одговор. Нејзиното кралско височество е исклучително благодарно за твојата прекрасна покана. Откако ги разгледавме сите можности, за жал, со големо жалење морам да кажам дека нивното кралско височество мора да ја одбие поканата“, се вели во писмото.

„Војводата и војвотката од Кембриџ беа крајно трогнати што се потруди да му пишеш на нивниот син, принцот Џорџ. Тоа беше многу внимателно од тебе, па нивното кралско височество ме замоли да ви ја испратам нивната најтопла благодарност и најдобри желби. Се надевам дека уживаше во твојот роденден“, заврши писмото.

Слични содржини