Кејт Мидлтон сподели 2 нови фотографии на принцот Џорџ за неговиот 7 роденден

од Vladimir Zorba

Војвотката од Кембриџ сподели нови фотографии од нејзиниот најстар син, принцот Џорџ, со кои го одбележа неговиот седми роденден денеска, 22 јули.

Третиот по ред на британскиот престол блесна со симпатична насмевка кон неговата мајка, Кејт Мидлтон, која стои зад камерата.

Тие најверојатно биле снимени во домот на семејството во Норфолк, каде што престојуваат уште пред Велика Британија да се затвори во март.

Сите три деца на војводите од Кембриџ оваа година ги прославија своите родендени во Норфолк, наместо во нивниот дом во палатата Кенсингтон во Лондон.

Во последниве години стана традиција Мидлтон да ги фотографира официјалните фотографии за родендени на нејзините деца, наместо тоа да го направи професионален кралски фотограф.

Слични содржини