Кејт Мос: Напишав книга за да им го вратам на жените нивното вистинско место во историјата

од Vladimir Zorba

Британската писателка Кејт Мос вечерва изјави дека ја напишала книгата „Кралиците воини и тивките револуционери“ со цел да ги врати жените на нивното вистинско место во историјата.

На нејзиното претставување на Меѓународниот саем на книгата, Мос рече дека нејзината „книга е љубовно писмо до историјата“, која почнала да ја пишува како детектив кој се обидувал да открие нешто за нејзината прабаба Лили Вотсон, која била избришана од историјата и била познат писател.

„Се запрашав што е историја? Кој ја создава? Кој одлучува кој е важен, а кој е заборавен? Прабаба ми беше позната во своето време, но историјата одлучи дека таа не е важна и сите нејзини книги исчезнаа”, вели Мос.

Слични содржини