Кендис Суонепол се вери за дечкото со кој е веќе 10 години – Херман Николи, на 15 август.a48a45f9bf862b04cfcde25f9ddd40e1

Близок на ангелот на Victoria’s Secret ја потврди среќната вест за списанието People.

26-годишната Јужноафриканска убавица објавила романтично видео во Instagram во саботата, на кое танцува на блуз со својот долгогодишен омилен и колега модел, а на прстот ѝ се гледа масивен прстен со голем камен.

Така е насловен спотот “Meu eterno namorado”, што приближно во превод значи “Мојот пријател засекогаш”, на родниот јазик на 29-годишниот Николи- португалски (тој е Бразилец).

Кендис и Херман се вљубуваат еден во друг, кога таа е само 17-годишна. Двајцата се наоѓаат во Париз по работа и покрај напорните работни распореди, успеваат да ја задржат искрата меѓу себе цела една декада.

 

Слични содржини