Кенија ги објави новите монети на кои се насликани животни, заменувајќи ги старите на кои беа претставени портрети од претседатели.

Претседателот Ухуру Кенјата изјави дека новите монети од 1, 5, 10 и 20 шилинзи го претставуваат историското и кутлурното наследство на земјата.

Според официјалните лица на централната банка, новиот изглед на монетите, на кои има отсликано лав, слон, нилски коњ и жирафа, ќе служи како средство за пренесување знаење, зачувување на културата и промоција на уникатноста на Кенија на глобално ниво.

Кенијскиот устав, кој стапи на сила во 2010 година, ја забранува употребата на портрети од луѓе на официјалните пари.

Од владата исто така изјавија и дека монетите сега се попривлечни за луѓето со оштетен вид.