Кетрин Хејгл влегува во серијата, која Меган Маркл ја напушти

од Vladimir Zorba

Кетрин Хејгл доби главна улога во осмата сезона на серијата „Suits“ откако Меган Маркл и нејзиниот пријател од екранот, Патрик Џеј Адамс ја напуштија.

Хероината на Кетрин Хејгл е „талентиран нов партнер во „Пирсон Спектар Лит“, кој го оспорува статус квото и ќе стане или најдобар сојузник на фирмата, или најсилниот нејзин непријател”.

Снимките од осмата сезона на серијата ќе започнат во април во Торонто.

„Да се ​​приклучам кон „Suits“, беше совршен и природен начин не само да работам со извршен продуцент, на кого му се восхитувам, но и да станам дел од шоу и актерски состав, на кои сум голем фан“, рече актерката. Таа увери дека го гледала шоуто од самиот почеток и се чувствувала среќна да се снима во него.

Кетрин Хејгл учествуваше во пет сезони на серијата „Grey’s Anatomy“, како и во многу филмови, меѓу кои „Knocked Up“, „27 Dresses“, „The Ugly Truth“ итн.

Меган Маркл, која на почетокот ја играше Рејчел Зејн во „Suits“, замина поради нејзиниот ангажман со британскиот принц Хари.

Слични содржини