Киев: Едно лице загина, а две се ранети за време на денешниот руски ракетен напад

од Radmila Tasevska

Најмалку едно лице загина, а две се ранети за време на денешниот руски ракетен напад врз Киев, додека клучната инфраструктура беше погодена во Одеса, соопштија украинските власти.

Убиен е 55-годишен маж, а нападот се случил во нестанбен дел на Киев, пренесе Ројтерс.

На ракетниот напад му претходеше напад со беспилотно летало во текот на ноќта, еден ден откако Украина доби ветување од Германија и САД дека ќе ги добие тенковите Леопард и М1 Абрамс.

Слични содржини