330
Украина ќе се бори за оддалечениот Змиски остров во Црното Море „колку што е потребно“, изјави денеска шефот на разузнавачката служба на украинската армија Кирило Буданов.
„Кој го контролира тој остров може во секое време да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци кон југот на Украина“, рече Буданов, пренесе „Ројтерс“.
Според некои официјални лица, обновените борби околу Змискиот остров во претходните денови би можеле да станат битка за контрола над западниот брег на Црното Море.