Кијану Ривс беше фатен од папараците на интимна вечера со актерката Божана Новаковиќ во Холивуд.b37678f6e1e5d74391a91e5232e18075

33-годишната актерка од српско-австралиско потекло неодамна излегуваше со комичарот Џејсон Сигел.

Очигледно сепак прецизната бринета го насочила своето внимание кон 50-годишниот Кијану со кого играа во филмот од 2012-та “Generation Um”.

Неодамна Божана се врати од патување до Непал и изгледа Ривс бил нестрплив да ги разбере нејзините впечатоци. Според очевидците, двајцата актери изгледале фасцинирани еден од друг и цела вечер  воделе смешен разговор.

Кијану е познат по тоа дека нема среќа во љубовта. Во 2010-та тој имаше кратка врска со Шарлиз Терон и оттогаш не се појавил со жена.

Актерот помина низ многу падови во личниот живот. Во 2001 година тој ја загуби неговата поранешна девојка Џенифер Сајм, која почина во сообраќајна несреќа, две години откако роди мртво дете.

Кијану и Божа во рамки на заедничкиот филм “Generation Um”, кој не беше одобрен од критичарите.

Во 2006 година Ривс го сподели во интервју следново: “Сѐ што може да направите е да се надевате дека тагата ќе се трансформира и дека нема да чувствувате само болка и збунетост од загубата.”

Фото: splashnews.com

Слични содржини