Ким Јонг Ун до армијата: Интензивирајте ги вежбите за „вистинска војна“

од Stefanija Kuzmanovska

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ѝ наредил на војската да ги интензивира вежбите за вистинска војна, јавува „Ројтерс“ повикувајќи се на севернокорејски државни медиуми.

Ким ја надгледувал воената вежба, за која оценил дека ја докажала способноста на земјата да возврати во вистинска војна, наведува британската агенција.

Северна Кореја истрела балистичка ракета со краток дострел од нејзиниот западен брег во четвртокот, соопшти војската на Јужна Кореја, додавајќи дека ја анализира можноста Пјонгјанг да лансирал повеќе проектили истовремено од истата област.

Фотографиите објавени од севернокорејската новинска агенција KCNA покажуваат најмалку шест проектили истрелани во исто време.

Слични содржини