Ким и Канје постигнаа договор: Еве колку ќе изнесува алиментацијата која раперот ќе ја плаќа

од Stefanija Kuzmanovska

Ким Кардашијан и Канје Вест конечно постигнаа договор кога станува збор за нивниот развод.

Според судските документи поднесени во Лос Анџелес, поранешната двојка ќе има заедничко старателство над нивните четири деца, на возраст од три до девет години.

Беше одлучено и Вест да ѝ плаќа на Ким 200.000 долари месечно и тие да ги поделат трошоците за приватното обезбедување, приватното школување и универзитетот на нивните деца.

Ниту еден од нив нема да плаќа за издржување на другиот брачен другар, а секој ќе си ги плаќа своите долгови.

Канје и Ким имаа предбрачен договор и генерално ги чуваа своите средства одвоени.

За потсетување, славниот пар се венчаше пред осум години во ренесансната тврдина во италијанскиот град Фиренца во 2014 година. Кардашијан поднесе барање за развод пред речиси една година.

Слични содржини