Кина ги повика лидерите на ЕУ на соработка во обезбедувањето глобална стабилност

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска за време на средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, ја повика Европската унија да соработува со Кина во обезбедувањето глобална стабилност, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извештаи на кинеските медиуми.

„Кина и ЕУ треба да бидат партнери, да соработуваат за заедничка корист и континуирано да ја подобруваат меѓусебната политичка доверба“, им порача кинескиот претседател на европските лидери.

Си Џинпинг додаде дека ЕУ „треба да елиминира секаков вид мешање“ во билатералните односи.

Европската унија сака Пекинг да го искористи своето влијание врз Русија за да ја запре војната во Украина, а главниот фокус на лидерот е да го прекине извозот на предмети за двојна употреба произведени во Европа, во Русија за нејзините воени напори, наведе „Ројтерс“.

ЕУ е исто така загрижена за „нерамнотежата“ на економските односи, бидејќи нејзиниот трговски дефицит од 400 милијарди евра со Кина претставува ограничувања за бизнисите во ЕУ.

Кина претходно се спротивстави на истрагата на ЕУ за субвенции за кинески електрични возила, како и на европската политика за „намалување на ризикот“ за да се намали зависноста од кинескиот увоз, особено кога станува збор за суровините, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини