Кинески научници претставија нова верзија на потеклото на Ковид-19

од Nikola Popovski

Ширењето на „ковид -19“ во Соединетите држави можеби започнало уште во септември 2019 година, порано отколку во Кина, се вели во студијата на кинеските научници објавена на порталот со научни публикации „Кина Ксив“.
Користејќи математички модел, група научници од Кина го анализираа можниот датум на почетокот на ширењето на Ковид -19 во САД и Кина, користејќи податоци за бројот на потврдени случаи на инфекција.

„Врз основа на анализата на податоците од 12 репрезентативни региони на САД, избрани за да се одреди датумот на првиот случај на инфекција, постои 50 проценти шанса првиот случај да се случи помеѓу август и октомври 2019 година. Тоа е порано од официјално објавениот датум на првиот потврден случај во Америка – 20 јануари 2020 година“, се вели во соопштението.

Според резултатите од анализата на научниците, многу е веројатно дека Ковид-19 започнал да се шири во САД во септември 2019 година. Во исто време, научниците истакнуваат дека ширењето на вирусот во самата Кина најверојатно започнало само во крајот на декември 2019 година.

Претходно, американските разузнавачи објавија извештај за потеклото на короната. Американското разузнавање заклучи дека вирусот не е создаден како биолошко оружје. Во исто време, учесниците во истражувањето не можеа да постигнат консензус – две верзии за потеклото на вирусот корона се сметаат за можни: природен контакт со заразено животно и инцидент што се случил во лабораторија.

Слични содржини