Кинескиот конкурент на „Бостон Дајнамикс“ има морничаво реални роботи со четири нозе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Кинеската компанија за роботика Unitree го претстави својот најнов робот, А1, на саемот за потрошувачи на електроника (CES) на почетокот на 2020 година. Сега Unitree ги користи социјалните мрежи за да покаже трикови што можат да ги направат новите роботи и се чини дека крајот на светот е многу близу.

Роботот е мал, широк околу еден метар и долг два метри и може да се движи шокантно брзо. Unitree вели дека брзината на одење на роботот е околу 12 километри на час. Пешачењето не е единственото што може да го стори – видеата покажуваат како изведуваат секакви скокови и вртења, благодарение на флексибилните споеви и моќниот мотор. Секоја нога има дури и сензори кои прикачуваат информации што се испраќаат до моторот за да ги направат движењата поефикасни.

А1 тежи околу 26 килограми, вклучувајќи ја и батеријата, а траењето на батеријата е до два часа. Може да носи до 11 килограми, со потенцијал да биде робот за испорака. Паметната камера овозможува пренос на видео во реално време, со мноштво потенцијални приватни и јавни намени за роботот.

А1 веќе се споредува со „Спот“ роботот на „Бостон Дајнамикс“, несомнено најпознатиот робот со четири нозе, со дизајн што рефлектира живописни движења што потсетуваат на луѓе и животни.

Засега, Unitree се чини дека сака да го продава својот робот за лична употреба, наведувајќи дека роботот може да биде „идно милениче“ и „да трча со вас во иднина“. Компанијата, исто така, нагласува дека ќе чини помалку од 10.000 американски долари, иако не наведува одредена цена.

loading...

Слични содржини