Кинескиот претседател љубезно го одбил под изговор дека тоа за него е преголема одговорност, пишува „Индепендент“. Средбата на која Цукерберг му понудил кумство на претседателот Си Џинпинг била во Белата куќа.

mark-zuckerberg-priscilla-chan

Течниот мандарински јазик кој го владее Цукерберг сигурно го воодушевил Си Џинпинг, но не успеал да го наговори да биде кум на приновата која ја очекува со неговата сопруга Присила Чан. Цукерберг не успеа ни да ги затопли заладените односи помеѓу кинеските интернет регулаторни тела и Фејсбук. Во Кина таа друштвена мрежа е блокирана од 2009 година, бидејќи според мислењето на кинеската влада, се користи  за организирање на антивладини протести.

Слични содржини