Кинезите изградија огромна соларна електрана во облик на панда

од desk2

Повеќето соларни електрани имаат панели наредени во редови и колони за да формираат мрежа, но кинеската комапнија China Merchants New Energy одлучи малку да излезе од шемата и ги нареди панелите во облик на панда на околу милион квадратни метри на фармата во Датонг.


China Merchants New Energy е најголема државна комапнија за чиста енергија во Кина. Во првата фаза на проектот поставија постројка од 50 мегавати. Гигантската соларна панда почна да испорачува соларна енергија во северозападна Кина, додека изградбата на друга панда е планирана за крајот на оваа година.

Електраната панда, има можност да произведува 3,2 милијарди киловати соларна енергија по час во наредните 25 години. Тоа ќе ја елиминира потрошувачката на околу милион тони јаглен кој би се користел за производство на струја, што ќе намали емисија од 2,7 милиони тони јаглерод.

Комапнијата China Merchants New Energy соработуваше со Равојната програма на Обединетите нации (UNDP) во производството на панда електраната. Од UNDP велат дека овој проект е дел од напорите за подигнување на свеста на младите во Кина за развој на чиста енергија.

Во следните пет години кинеската компанија и UNDP имаат намера да изградат уште неколку панда електрани.
Пандите се едни од најзагрозените животни на Земјата, а живеат во густи шумовити и ридести подрачја на Кина. Да се убие панда во Кина беше казниво со смрт до 1997 година, откога казната се намали на 20 години затвор.

Слични содржини