Ќе се снима втора сезона на серијата Wednesday, Џена Ортега има посебна желба

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Еве добри вести за сите љубители на серијата Wednesday, премиерата на новата сезона можеме да ја очекуваме во 2025 година.

Сите го гледавме штрајкот што се случуваше во Холивуд, а откако сето тоа заврши, повторно започнува снимањето на големите продукции. Сега се се врати во нормала и продолжува снимањето и на започнатите и на планираните проекти.

Меѓу достигнувањата кои продолжуваат се најде и популарната серија Wednesday. Како што пренесува Deadline, првите кадри од серијата ќе се снимаат во април следната година во Ирска.

Ова е промена од првата сезона, која се снимаше во Романија. Сега снимањето на оваа серија во Романија е невозможно, но оваа земја профитираше по излегувањето на првата сезона, бидејќи туристите масовно почнаа да ја посетуваат Романија и местата каде што се снима серијата.

Се уште не се знае точно како ќе изгледа втората сезона од серијата, чија премиера се очекува најрано во 2025 година. Сценариото се уште се подготвува, а авторите на серијата Ал Гоф и Мајлс Милар би сакале повеќе да се вклучат и останатите членови на семејството Адамс, кое на публиката ѝ е познато со децении и чии членови имаат големи обожаватели во приказната.

Она што е ново за оваа серија и по што се разликува од првата сезона е тоа што главната актерка Џена Ортега стана продуцент на серијата, а сега има посебна желба. Таа истакна дека би сакала втората сезона да биде повеќе мрачна отколку слатка, што беше случај со првата сезона.

Слични содржини