Ќе треба да се изградат 130 хотели, на ЕКСПО се очекуваат 2,6 милиони гости, вели Вучиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Во Белград поради ЕКСПО 2027 ќе треба да се изградат 120-130 хотели бидејќи се очекуваат 2,6 милиони гости, изјави во четвртокот српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи на ТВ Пинк и оцени дека изложбата е „голема надеж за Србија“.

На Сурчин, како што оцени, ќе произлезе „нешто што ќе биде во првите два саеми во Европа“.

„Тогаш ќе биде комплетиран и националниот стадион кој ќе биде убавица и многу поубав од Алијанц Арената“, додаде Вучиќ, пренесе ТВ Пинк.

Зборувајќи за економските теми, тој изјави дека на српска сметка има речиси пет милијарди евра.

„Нашите златни резерви се најголеми во историјата. Мораме да одржуваме здрав систем и низок дефицит“, рече Вучиќ и ја истакна важноста на аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд.

Тој додаде дека до крајот на годинава се очекуваат над 4,5 милијарди евра странски инвестиции.

Слични содржини