Клековски: Не ми пречи што Бугарија издаде монета со ликот на Гоце Делчев

од Nikola Popovski

Новиот член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски вели дека во исто време додека неговата партија поднесе Декларација за Гоце Делчев во Собранието, бугарската страна издаде пригодна момента со ликот на револуционерот по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

-Не гледам зошто поштенска марка со неговиот лик е провокација, а монетата од другата страна на границата не е. Оваа Декларација се случува затоа што во Собранието од 2018 година не се носи програмата за одбележување на познати личности и настани. Не чув образложение зошто немаме програма. Декларацијата ќе беше излишна, доколку се донесеше програмата, смета Клековски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Тој потенцира дека „не му пречи бугарската момета со ликот на Гоце Делчев, ниту тоа што има град со неговото име таму, ниту имињата на булеварите“.

-Решиле така да прават, нека прават, додава Клековски.

Слични содржини