Кличко го прогласи Борис Џонсон за почесен граѓанин на Киев

од Nikola Popovski

Градскиот совет на Киев синоќа го прогласи за почесен поранешниот британски премиер Борис Џонсон, објави градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

– Градскиот совет на Киев донесе одлука да му ја додели титулата почесен граѓанин на Киев на неговиот голем пријател Борис Џонсон – напиша Кличко на својот Телеграм канал.

Кличко му се заблагодари на поранешниот премиер Џонсон за поддршката на Украина и го покани лично да му ја врачи наградата, пренесува РИА Новости.

Во август во „Алејата на храброста“ во Киев беше откриена табла со името на Борис Џонсон, а компанијата „Украински железници“ му додели картичка за лојалност како редовен патник.

Заедницата на Козаци во Чернихив одлучи да го прогласи за козак под името Борис Чуприн, а Националниот универзитет Иван Франко во Лвов му додели почесен докторат во октомври.

Џонсон, додека беше премиер на Велика Британија, се залагаше за активно снабдување со оружје за Украина, тој предложи да започне обука на украинските војници со можност за обука до 10.000 војници за четири месеци.

Слични содржини