Кличко: Становите во Киев имаат греење и покрај нападите

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека становите во главниот град на Украина имаат греење, и покрај руските напади врз енергетската инфраструктура.

„Причината за тоа е што објектите на критичната инфраструктура се опремени со генератори и се снабдувани со гориво“, рече Кличко.

Тој наведе дека во вторникот бројните руски ракетни напади предизвикале недостиг на електрична енергија, но дека мрежата е „стабилизирана“, пренесува АП.

Слични содржини