Климатски активисти го прекинаа Светското првенство во снукер во Англија

од Stefanija Kuzmanovska

Климатски активист од движењето Just Stop Oil накратко го прекина мечот на Светското првенство во снукер во Шефилд, Англија, кога скокна на масата и фрли портокалов прав.

И активистка се обидела да го стори истото на спротивната маса, но била спречена во последен момент, објави „Тајмс“.

Двајцата скокнале од толпата и го прекинале натпреварот од првото коло во понеделникот.

Активистот откако го истурил портокаловиот прав бил совладан и отстранет од обезбедувањето на натпреварот.

Активист (30) и активистката (52) се уапсени поради сомнение дека направиле штета и се наоѓаат во полициски притвор.

Толпата од околу 980 луѓе почна луто да свирка додека полицијата ги водеше активистите на спореден излез.

Слични содржини