Клои Кардашијан и Тристан Томпсон го добија второто дете, откриен полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Клои Кардашијан и кошаркарот Тристан Томпсон добија второ дете кое им го роди сурогат мајка.

Ријалити ѕвездата доби син со кошаркарот иако неодамна раскинаа.

Томпсон повеќепати ја изневеруваше Кардашијан, а таа секој пат му простуваше. Меѓутоа, пред неколку месеци една девојка се јавила во американските таблоиди која тврдела дека чека дете со Тристан.

Тој ги негираше обвинувањата, но набрзо призна дека имал афера со неа, а тестот за татковство потврди дека тој е татко на детето.

Клои овојпат не го преболе изневерувањето, па раскина со познатиот спортист.

Двајцата го започнале процесот на добивање на второ дете преку сурогат мајка пред да биде откриена неговата последна во низата измами.

Слични содржини