Клои Кардашијан му прости на Томпсон што ја изневери

од Stefanija Kuzmanovska

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон се во врска пет години и се исполнија во улогата на родители. Сега, кошаркарот го честиташе 37-от роденден на ријалити ѕвездата.

Во последно време се шпекулираше дека парот раскинал и дека кошаркарот ја изневерил Кардашијан.

Пријатели на поранешната двојка за „Пејџ Шест“ изјавија дека раскинувањето наводно се случило откако манекенката Сиднеј Чејс изјавила дека имала афера со Тристан на почетокот на годината.

Покрај тоа, друг извор тврди дека кошаркарот неодамна се затворил во просторија со дури три девојки на приватна забава во Бел Ер.

Кошаркарот и ријалити sвезда првпат раскина пред две години откако тој ја изневери со Џордин Вудс, тогаш најдобрата пријателка на сестрата на Клои, Кајли Џенер.

Клои го прослави својот роденден, а Тристан ѝ ја посвети последната објава на својот Инстаграм профил.

Тој објави низа фотографии од нив, на кои позираат прегрнати и во друштво на нивната ќерка.

„Среќен роденден, Клои. Ти благодарам што не само што си неверојатен партнер, мајка и најдобра пријателка, туку и најљубезната, најгрижлива и најмила личност што сум ја сретнал. Твојата љубов и дух се заразни за секој што те запознал. Ти благодарам што секогаш беше тука за мене и што го стави нашето семејство на прво место. Те сакам многу. Ти посакувам одличен ден“, напиша тој.

 

Слични содржини