Клоп е навистина задоволен од трансферот на Артур, иако нема да го искористи на дербито со Евертон

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е навистина среќен што го ангажирале Артур Мело, кој вчера пристигна на „Енфилд“ на позајмица до крајот на сезоната со клаузула за евентуално трајно откупување.

Сепак, работната виза на Бразилецот се уште не е пристигната и утре нема да може да дебитира на дербито против Евертон.

Добрата вест за Клоп е што ќе може да ги искористи Дарвин Нуњез кој се врати од суспензија и Диого Жота кој се врати од повреда.

„Навистина сум среќен со овој трансфер. Моја информација дека до утре нема да може да извади виза. Сите се надеваме дека ќе биде достапен за натпреварот со Наполи. Тој е добар фудбалер, дава ритам, многу прецизен во додавањата, има брзина и сигурен е со топката во неговите нозе. Ми се допаѓа многу“, изјави Германецот.

„Хендерсон сигурно е надвор од теренот, но уште не знаеме колку долго. Сè уште ги чекаме резултатите. Дарвин е во добра форма. Ја научи лекцијата. Победивме на последните два натпревари, така што не гледаме премногу негативно на она што се случи бидејќи за време кога тој беше надвор можевме да му помогнеме и сега е многу помирен. Во групата најверојатно ќе биде и Диого Жота. Тој вчера тренираше за прв пат со тимот. И денеска ќе тренира. Морам да одлучам дали има смисла да го користам сега или да почекам уште малку. За прв пат имам на располагање пет напаѓачи. Звучи како Божиќ“.

„Кеита и Окс (Окслејд-Чемберлен) имаат мускулни повреди, па ќе биде потребно извесно време. Калвин Ремзи се уште е надвор од теренот, но тој е се поблиску до тренинг. Тиаго е најблиску. Мислам дека треба да биде вклучен во тренинзите на тимот од почетокот на следната недела. Конате мислам дека ќе се врати по паузата за репрезентациите“, изјави Клоп на својата денешна прес-конференција.

Слични содржини