Клосе се враќа во Баерн

од Vladimir Zorba

Поранешниот германски напаѓач, Мирослав Клосе ќе се врати во Баерн Минхен како тренер на младинскиот тим, објави спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Тој ќе го преземе водењето на У17 тимот од летото.

„Миро е одличен играч, секој го знае тоа, тој е светска ѕвезда“, изјави Салихамиџиќ за „Sky TV“.

39-годишниот Клосе играше за Баерн во периодот 2007-2011 година, освојувајќи две титули во Бундеслигата и два Купа на Германија.

Тој ја заврши клупската кариера во 2016 година во италијанскиот гигант Лацио, две години откако се повлече од националниот тим по Светското првенство во 2014 година во Бразил, каде што ја освои титулата со Германија и стана голгетер бр.1 за сите времиња на фудбалските Мундијали со 16 гола.

Клосе ќе биде на првенството во текот на летото во Русија како помошник на селекторот Јоаким Лев, откако ќе одговара за напаѓачите.

Тековната тренерска дозвола му овозможува да тренира аматерски тимови, како и сите женски и младински формации.

Слични содржини