КЛУНИ РЕЧИСИ ЗАГИНАЛ ВО НЕСРЕЌА: Актерот лежел тешко повреден, случајни минувачи го сликале!

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Џорџ Клуни неодамна се потсети на еден од најтешките моменти во својот живот, кога беше тешко повреден.

Имено, Џорџ Клуни во јуни 2018 година доживеа сообраќајна несреќа од која едвај спаси жива глава. Актерот потоа завршил во болница откако автомобил удрил во неговиот мотоцикл. Како што изјавил Клуни за „Сандеј тајмс“, сето тоа се случило на Сардинија, каде го снимал „Catch 22“, а на пат кон сетот бил удрен со автомобил. Најмрачните мисли му се вртеле низ главата во тие моменти.

– Само чекав да се изгаснат светлата. Сега сум добро – рекол актерот.

Она што му пречело е што околу него во тој момент се собрале бројни луѓе кои го снимале и фотографирале додека лежел повреден.

– Ако сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земја и мислите дека ова се последните минути од вашиот живот, е дека за некои луѓе секогаш ќе бидете забавни за нивниот Фејсбук. Јас сум позитивен лик, но од тоа извлеков заклучок дека сум само забавен за нив. Сакате да го фатите секој од нив и да ги „истресете“ – рекол Клуни.

Слични содржини