Кочанчанка уценувала жена со фотографии, барала да и даде 5.000 евра

од Nikola Popovski

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.Г.(55) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „уцена“.

Во втората половина на август 2021 година пријавената набавила фотографии од женско лице од кочанско село со компромитирачка содржина, по што ги покажала на две други женски лица, а потоа ја уценувала оштетената да ѝ даде 5000 евра за да не ги објави фотографиите.

Слични содржини