„Кога ќе дојде тој ден, ќе завршам таму“: Ед Ширан ископал гроб во својата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Ед Ширан направил гробница во својата куќа каде што планира да биде погребан.

Откако започнаа гласините дека пејачот изградил гробница во својата куќа, тој во неодамнешното интервју за GQ откри дека всушност станува збор за едно гробно место направено специјално за него.

„Тоа е дупка ископана во земјата, а над неа има камен, па кога ќе дојде тој ден, јас ќе завршам таму“, рече тој.

Музичарот ги изненади своите фанови со ова признание. Многумина се прашуваат зошто размислува за смртта кога штотуку навлезе во третата деценија од животот.

„Луѓето мислат дека тоа е многу чудно и навистина морбидно, но имав пријатели кои умреа без тестамент, па никој не знаеше што да прави“, рече Ширан.

Неговиот најдобар пријател Џамал ​​Едвардс почина на 31-годишна возраст. Го загуби и својот сакан ментор Мајкл Гудински, а потоа и неговиот колега Шејн Вејн.

Слични содржини