Кој е најздравиот начин за подготовка на месо?

од Vladimir Zorba

Месото е одличен извор на висококвалитетни протеини и други важни хранливи материи како што се железо, селен и цинк.

Треба да се има предвид дека различните начини на подготовка влијаат на квалитетот на оваа храна и не е исто ако месото го готвиме, „фрлиме“ на скара или го испржиме.

Честопати имаме дилема како да го подготвиме месото, а тоа да не ја изгуби својата хранлива моќ. Да го динстаме со зеленчук, да го зготвиме или длабоко да го испржиме? Прашањето е валидно, велат нутриционистите и посочуваат дека изборот на методот на подготовка може да го минимизира губењето на хранливи материи.

Кој е најздравиот начин за подготовка на месо?

Од здравствена гледна точка, најдобрите техники за подготовка на месо се бавно готвење и готвење под притисок. Совет на диететичарот е секогаш кога имаме можност да готвиме месо или да го подготвуваме во шпорет под притисок. Исто така, доколку не можеме да одолееме, на пример, на пржените шницли, не би било лошо вишокот маснотии да го отстраниме со салфетка.

Кога го готвиме месото, треба целосно да се потопи во вода во покриен сад. Времето за готвење зависи од самата храна, односно возраста, дебелината на парчето и видот на животното. Се препорачува да се готви, не на највисока, туку на умерена температура.

Печеното месо е солидна опција, избегнувајте месо пржено на масло

Пилешко, мисирка и риба се пече, но не и црвено месо. При подготовката температурата треба да биде од 180 до 220 степени, а времето на печење зависи од видот и парчето месо. Секако, временскиот опсег треба да биде од 45 минути до повеќе од еден час. Оваа техника е поздрава варијанта и резултира со минимални загуби во исхраната. Сепак, печеното месо може потешко да „падне“ на стомак, па затоа тука треба да бидете малку повнимателни.

Некои од најпопуларните и, според многу сметки, највкусни методи, како што се печење на скара и пржење, се загрижувачки поради високите нивоа на токсични нуспроизводи, пишува „Хелтлајн“.

Ставањето на месото на скара и дава на оваа храна неверојатен вкус. Месото на скара е многу популарно во нашите средини, но не е најздраво. Ваквиот начин на подготовка на месото доведува до формирање на потенцијално токсични соединенија – полициклични ароматични јаглеводороди поврзани со неколку видови на рак, вклучувајќи рак на дојка и панкреас.

Иако е многу полуларно, најнездрав вид на препарат е оној во длабоко масло. Крцкава текстура, неодолив вкус, но на прженото месо секогаш треба да одолеете. Докажано е дека пржењето го зголемува нивото на токсични нуспроизводи, а нездравите растителни масла што се користат за пржење исто така ги зголемуваат калориите. Исто така, овој начин на готвење е поврзан со зголемен ризик од рак и срцеви заболувања, па затоа треба да заборавиме на тоа.

Слични содржини