Кој каде ќе летува? Министрите со и без пасоши!?

од Vladimir Zorba
95 прегледи

  Министрите во владата на Заев  ги планираат своите летувања, главно куси одмори во август или продолжени викенди. Грција, Албанија, Бугарија и оваа година се главни дестинација на македонските политичари.  Оние пак екс мнистрите на екс владата на Груевски , мака мачат со пасошите и постојаните јавувања по судовите,како  мерки за претпазливост и заради обвинувањата за криминали. Со еден збор мака за тоа што го сработиле досега за Груевски , а мака и за новите министри кои пак поради ангажманите и тоа што треба да го сработат, и тие си кратат од долгите летни одмори. А лето е сепак време за плажа.

Премиерот Зоран Заев заедно со своето семејство од 3-ти до 6-ти август ќе престојува во Охрид, а како што соопштуваат од неговиот кабинет, доколку има услови тој ќе искористи и дел од викендите во текот на август.

Вицепремиерката Радмила Шекеринска со фамилијата пет дена ќе помине во Грција додека пак вицепремиерот Кочо Анѓушев, ќе ги користи само викендите во август. Потретседателот на владата Бујар Османи, вели дека нема да замине на класичен одмор, но доколку му дозволат работните обврски, ќе искористи неколку викенди и најверојатно ќе замине во Албанија.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, неколку дена со семејството ќе престојува во Грција, а министерот задолжен за комуникации транспарентност и отчетност, Роберт Поповски ќе ги искористи викендите од август за да замине на неколку локации низ Македонија, главно Лазарополе.

Министерот за здравство Таравари ќе летува во Бугарија додека пак министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одморот ќе го користи во август но засега се уште не утврдено на кое место.

Во Грција на неколку денови одмор ќе отпатуваат и министрите за надворешни работи и за информатичко општество и администрација, Никола Димитров и  Дамјан Манчевски, а во соседна Албанија и во Струга ќе одмора министерот за економија Крешник Бектеши.

Во моментов се уште не е познато каде ќе замине министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која најави дека својот одмор ќе го користи во август. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски пак најави дека ќе замине на локација во близина на Солун. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески својот одмор ќе го искористи во текот на август  но сè уште не одлучил на која локација.

Планови за одмор во моментов немаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска и министерот за правда Билен Саљији. Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Аднан Ќахил соопшти дека оваа година не планира да користи годишен одмор.

Екс министрите на Никола Груевски , заедно со него ,не сакаат да коментираат и не ги инрересираат прикаските ниту за пасоши, ниту за Халкидики , и велат дека не е време за шпекулации и одмори. Барем за нив.