Кој ќе понесе камења од Скијатос ќе заработи казна од 1.000 евра

од desk2
259 прегледи

Доколку се одлучие од Лаларија, преубава плажа на грчкиот остров Скијатос, да понесете камен како сувенир, може да ве чини и до 1.000 евра.

Имено, властите на островот Скијатос сакаат со високи казни да ги сочуваат белите камења кои природата ги мазнела со векови, а кои туристите ги земаат во џебови и така сериозно го нарушуваат изгледотна плажата позната токму по белите камчиња кои ги заплискува синото море.

Геолозите предупредуваат дека континуираното земање камчиња од плажата може трајно да ја загрози, па бластите долж неа ставиле предупредувања за посетителите дека е забранетода се собираат камчиња од плажа.

Сајтовите за љубителите на патувањата и туристичките водичи напоменуваат дека казната за оние кои ја игнорираат забраната белите кмчиња да ги однесат како сувенири е 400 до 1.000 евра. Но, не се само туристите виновни што на неа има се помалку камења.

Многу Грци од Скијатос ги користеа камчињата од плажата за декорирање на своите домови или за мозаици во дворовите. До Лаларија може да се дојде само од море, а во светот е позната по блескавите камења, бистрата тиркизна вода и спектакуларните лаци од карпи кои ја окружуваат.