Почетна / Магазин / Деликатеси / Која е причината што крофните имаат дупка во средина?

Која е причината што крофните имаат дупка во средина?

Дали некогаш додека сте јаделе вкусна крофна, сте се запрашале зошто всушност има облик на прстен, односно е округла и има мала дупка на средината.

Знаеме и дека постојат и домашнтие крофни, кои од тестото се отсекуваат со помош на чаша, но сигурно се сеќавате дека кога бевте деца и вашите мајки и баби ги правеа оние со дупка на средина.

Досега никој не дал точен одговор на ова прашање, но постојат многубројни теории зошто е тоа така. Едната е дека се работи за практични причини. Во минатото, кога пекарите подготвувале крофни, сфатиле дека на средината тестото останува полуживо, додека на краевите е препечено. Тие решиле дека едноставно, ќе го отстранат средниот дел и ќе добијат тесто кое рамномерно ќе се испржи или испече.

Втората теорија, која е и многу поинтересна, е поврзана со брод од 1850-та година, со име „Елизабет Грегори“. Мајката Елизабет на својот син Грегори му подготвувала големи количини прженици од тесто, бидејќи му требало многу енергија за управување на кормилото. По некое време, таа решила дека треба да направи тесто со дупка, за да може Грегори да ги закачува крофните на рачките од кормилото, за да му бидат поблиску.

Некои историчари мислат дека на овој начин тестото е полесно сварливо, поради рамномерноста во пржењето и печењето.

Мора да признаеме, и двете теории се интересни, но многу поверојатна е првата, дека дупката постои од практични причини. Но, без разлика дали се со дупка или не, едно е сигурно – крофните и сите нивни верзии се едни од највкусните пекарски производи.

loading...