Ненадејно почина почина пејачот Саша Катанчиќ.
На јавноста ѝ стана познат преку музички натпревари и учество во реални шоуа.
Според првите информации, причината за смртта е срцев удар.
Катанчиќ ја градеше кариерата со години настапувајќи по клубови, на домашни веселби дома и во дијаспората и важеше за пејач со огромен репертоар и препознатлива енергија.
Поголема популарност стекна преку музичките натпревари „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“. Иако не стигна до финалето, остана запаметен по харизмата и специфичната боја на гласот.
Беше учесник и во реалното шоу „Фарма“ во 2013 година. Во овој формат покажа дека е вреден, работлив и, за разлика од многумина, многу сталожен и мирен тип. Избегнуваше конфликти и се трудеше со песна да ја подигне атмосферата меѓу фармерите.
Оние кои го познаваа го опишуваат како скромен човек кој најмногу ја сакаше музиката и семејството, а надвор од сцената живееше повлечено.