Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ облечена во дрес како хрватското знаме дојде во хотелот во Брисел каде што ја пречека делегацијата распеана по победата на нивната земја во фудбалскиот натпревар против Англија. Китаровиќ ,која претходно беше на вечера организирана за лидерите на самитот на НАТО која траеше повеќе од пет часа, се приклучи на славењето со вистиснко славење и си песна и со играње.

Фудбалот, најголемата споредна работа на светот Колинда многу практично го искористи во Брисел.
„Честито Хрватска! Политиката, спортот, регионот и светот се среќаваат вечерва во Брисел“, напишаа и македонскиот премиер Заев под фотографијата со претседателката на Хрватска, Колинда, која не пропушти и овојпат да се облече во дресот на својата репрезентација, и да доминира со својата препозтлива црвена боја.


