Колку е часот ? Да, почнува зимското време !

од Vladimir Zorba
121 прегледи

Денеска на  30ти окомври треба да ги вратиме стрелките на часовникот за еден час на назад, за да преминеме кон сметање на зимско време. Значи проверете колку е часот ? Почна зимското сметање на времето!

saat

Како главна причина за промената на стрелките на часовникот е за да можеме да ја искористиме максимално дневната светлина, така да се совпадне со активните часови од денот.

Со оваа практика секоја година преку есента се враќаме на астрономското време – секоја година сабота наспроти недела, во последната седмица на октомври, точно во 3:00 часот, часовникот се враќа еден час назад, односно 2:00 часот. На тој начин наутро се будиме на светлина, но за сметка на оваа благодет, сонцето зајдува порано еден час и се скратува денот.

Локално.мк потсетува дека идејата за летно сметање  на време за прв пат се воведува на пракса од германската влада за време на Првата светска војна во периодот 30 април – 1 октомври 1916 година Набргу потоа Британија го следи примерот, а во почетокот воведува летно време од 21 мај до 1 октомври 1916 година

Преместувањето на стрелките со час наназад, кога се враќаме на астрономското време, го намалува ризикот од срцев удар, а мигрирање кон летното време го зголемува, тврдат шведски научници од Каролинскиот институт. Тие ги анализирале статистиките за инфаркт во Шведска во текот на преминот од летно кон зимско сметање на времето и обратно од 1987 година до денес. Резултатите покажуваат дека ризикот од инфаркт на миокардот се зголемува во просек за 5% во првата недела од транзицијата кон летно време во споредба со другите недели од годината. Истражувачите се убедени дека преминувањето на крајот на октомври до астрономско сметање на времето е придружена со намалување на ризикот од инфаркт на следниот ден – во понеделник.