Колку калории содржи вашиот омилен појадок, пржените лепчиња?

од Elena Daskalova

Пржените лепчиња претходно потопени во смеса од јајца и зачини важат за омилен појадок речиси на целиот Балкан, а веќе се популарни и во светот, но ги нарекуваат француски тост.

Ние имаме обичај да ги јадеме и благи и солени, со сирење, со кашкавал, павлака, јогурт, чоколаден крем, џем и многу други додатоци.

Едно лепче има околу 195 калории, но тоа е само едно лепче и тука не спаѓаат сите оние омилени додатоци, кои може да бидат погубни за нашата витка линија.

Иако се работи за одличен начин на искористување на сувиот леб, не би требало да претерувате со изедената количина, бидејќи за да потрошите три парчиња леб, треба да вежбате кардио-вежби околу еден час.

Слични содржини