Колку се безбедни вакцините „Фајзер“ и „Бионтек“?

од Nikola Popovski

„Вакцината против коронавирус развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“ е безбедна и за луѓето кои веќе имале Ковид-19“, изјавил денес член на бордот на директори на „Бионтек“, д-р Озлем Туречи.

„Вклучивме во нашите испитувања луѓе кои претходно биле и кои претходно не биле заразени со коронавирусот и не видовме никакви разлики во безбедносниот профил“, изјавил Туречи за новинарите за време на брифингот непосредно откако владата на Велика Британија објави дека ја одобрила вакцината, објави Си-Ен-Ен.

Луѓето кои имале Ковид-19 веројатно имаат одреден имунитет на вирусот, но не е јасно колку трае таа заштита.

„Фајзер“ минатиот месец објави дека нивната вакцина е ефективна околу 95 проценти седум дена по давањето на втората доза кај луѓе кои имале Ковид-19 и кај оние кои немале.

„Фајзер“ и „Бионтек“ поднеле барање за одобрување за итна употреба до американската Администрација за храна и лекови на 20 ноември.

Советодавниот одбор на ФДА ќе се состане на 10 декември за да разговара за вакцината, а набргу потоа може да следи одобрување.

Слични содржини