
Лидерот на СДСМ Зоран Заев му рекол на Купчан дека овие процеси допрва треба да завршат до крајот на месецот за да се отвори пат за избор на техничка влада. Тој бил оптимист дека власта нема да блокира и да прави опстрикции, а тие како партија се подготвени за беспрекорно спроведување без отстапки.
Заев сепак предупреддува дека се ова не е вистинското и станува збор за реформи кон минимално исполнување на критериумите за фер и кредибилни избори. Вистинските реформи во земјава, коишто ќе ги почувствуваат граѓаните, доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември, оваа година.
Ахмети верува дека сите лидери на крај на август ќе проценат оти критериумите се исполнети , а по изборите приоритети на новата влада освен системски реформи и економски развој ќе биде и решавање на отворените прашања со соседите, како спорот со името кој ќе отвори пат за членство во НАТО. Од тој оптимизам декларативно не отстапува ниту претседателот на ДПА Мендух Тачи, но тој и не крие дека не верува дека овие институции се кадарни да спроведат фер избри, Сепак и тој и Ахмети тие знаат дека овој процес не зависи од нив и не сакаат да попречуваат, и споделуваат декларативни изјави.
САД не оставаат случајности за Балканот и Македонија
Како што се дознава високиот американски гостин значаен дел од разговорите со македонските политички лидери ги посветил и на случувањата во регионот каде што се судираат интересите на големите сили, но и за идната улога на САД на
Балканот. Неговата посета, и онаа денеска на потпретседателот на САД БАјден, на Белград и Косово е потврда дека американската надворешна политика сега е фокусирана и на Блакнот и немаат намера да остават никакви случајност или процеси кои можат да ги загрозат пред се нивните интереси.
Активностите на американската администрација за Македонија и другите балкански земји се зголемува и по случувањата во Турција, од превратот до режимските атаци на Ердоган и неговите истомисленици во регионот, што донесоа промени во политички влијанија. Тука е и сеопштиот амбиент во Европа од „Брегзит “, до новите потреси и подем на десницата , мигрантската криза и сепаратитичките движења.
По Хојт Ји и Викторија Нуланд, сега доаѓањето на Купчан е сигурен знак дека САД не го губат интересот за случувањата во Македонија. Интересно е што во исто време во посета на Белград и на Приштина ќе пристигне и американскиот потпретседател Џо Бајден. Тој неколкупати доаѓа на Балканот, но Скопје ниту еднаш не беше дел од неговата агенда, освен онаа платена средба во САД, кога имаше режирано поздравување и срдечност со премиерот Груевски во еден хотел во Вашингтон.
Засилените активности на американците во регионов, даваат до знаење дека регионалните политики ке мора да се усогласуваат на глобалните и геополитичките интереси. Така што Македонија ке мора да се врати на патот за НАТО и ЕУ интеграции, а Вучиќ да си ја изибие од глава руската вечна и топла „братска прегратка“.Тука некаде е крај на српската прикаска и за Москва и за Вашинготн, така како што им одговара „дневно“ на политичарите.
Инаку високиот гостин од САД, Чарлс Купчан, освен на Обама бил советник за надворешна политика и на претседателот Бил Клинтон.
Ад.