Комисијата предлага олабавување на мерките, се чека одлука на Владата

од Берта Китинска
358 прегледи

Главниот кризен штаб предлага олабавување на рестрикциите од среда.

Полицискиот час ќе се намали и ќе почнува во 23, наместо во 21 часот, а угостителите ќе имаат дополнителни два часа за работа и гости ќе може да имаат до 22:30, но само во отворените делови.

Оваа одлука се очекува да биде усвоена на денешната владина седница, а ќе започне да се применува од 5 мај (среда).Полицискиот час првпат беше воведен на 20 март.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Слични содржини