Коњ одгледан од кралицата Елизабета победи на трка во американскиот Балтимор

од Берта Китинска
180 прегледи

Коњ одгледан од кралицата Елизабета Втора. во саботата победи на коњската трка што се одржа во американскиот град Балтимор, два дена по смртта на британската кралица чие владеење траеше 70 години.

Шестгодишниот Вест Њутн успеа да се пробие од шестото на првото место и да победи со половина должина. Тоа е негова четврта победа во 19 трки.

Трките со коњи беа страст на кралицата Елизабета, која почина во четвртокот на 96-годишна возраст во шкотскиот Балморал.

Таа редовно одела на трки, како сопственик и одгледувач на тркачко стадо коњи.

Британските коњски трки ќе продолжат нормално во недела, бидејќи сите настани во земјата беа прекинати на два дена во знак на почит.

Трките беа откажани и на 19 септември, денот на погребот на кралицата.

Слични содржини