Конзервативците поднесоа барање за изгласување на недоверба на Лиз Трас

од Stefanija Kuzmanovska

Британската пратеничка од редовите на Конзервативната партија, Шерил Мареј, денеска соопшти дека поднела барање за изгласување на недоверба на премиерката Лиз Трас.

„Имав големи надежи во Лиз Трас, но по она што се случи синоќа нејзината позиција стана неодржлива и му испратив писмо на Греам Брејди“, напиша Мареј во објавата на Твитер.

Трас, која е на власт нешто повеќе од шест недели, се бори за политички опстанок од 23 септември, кога ја започна економската програма позната како „мини-буџет“, која беше речиси целосно поништена од новиот британски министер за финансии Џереми Хант.

Слични содржини