Коронавирус: Како да се заштитите во возилата на јавниот превоз?

од Elena Daskalova
337 прегледи

Многумина од нас ги користат услугите на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз, а притоа двојното внимание е и повеќе од важно.

Фото: Борче Поповски

Фото: Борче Поповски

На вас е да не ги заборавате досегашнтие препораки на СЗО за превенција од забрзано ширење на коронавирусот. Општите препораки можете да ги најдете ТУКА.

Во возилата на јавниот превоз често има голема концентрација луѓе на мала површина. Како што извести градоначалникот Петре Шилегов, во возилата на ЈСП се врши секојдневна дезинфекција. Но, голем дел од превенцијата лежи и во свесноста на луѓето и нивното одговорно однесување.

Ова се мерки на кои не смеете да заборавите:

– Веднаш по напуштањето на автобусот или возот дезинфицирајте ги рацете со алхоколен гел или раствор
– Измијте ги рацете со топла вода и сапун веднаш штом ќе имате услови за тоа
– Кога кашлате и кивате, користете марамче или ракав, никогаш директно во дланка
– Веднаш фрлете го марамчето или ставете го во џебот, а рацете дезинфицирајте ги
– Ако некој во автобусот ви изгледа настинато и како да не се чувствува добро, оддалечете се, макар и ако треба почекајте го следниот автобус (во градскиот превоз)
– Не го допирајте лицето

Потсетете се зошто не треба да ги допирате ниту очите

Рацете се дезинфицираат веднаш по користење на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз. Имајте предвид дека не секој се однесува одговорно, иако тоа воопшто не носи никаква корист. Но, бидете вие тие кои се однесуваат соодветно на препораките на СЗО и на центрите за јавно здравје.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини