Кортни и Тревис се бакнаа во јавност, публиката згрозена (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кортни Кардашијан и нејзиното момче Тревис Бејкер не се срамат да ја покажат својата љубов во јавноста, но, сепак, некои обожаватели сметаат дека треба да чуваат некои работи за себе.

Снимателите на УФЦ сакаа да ги снимат познатите личности кои доаѓаа да ја следат борбата, па снимаа кадри во кој Кортни и Тревис постојано се бакнуваа. Двајцата, забележувајќи ја камерата, тргнаа да разменуваат страсти.

Иако тоа беше само уште еден момент во кој тие ја покажаа својата симпатија еден кон друг, на многу гледачи не им се допадна таа интеракција.

Кога УФЦ Европа ги објави снимките на својот Твитер, корисниците на Твитер веднаш го изразија своето незадоволство во коментарите.

„Поради ова се чувствувам непријатно“, „Зошто е објавено ова“, „Ве молам, престанете“, се само некои од коментарите.

Слични содржини