Косовска полиција: Изгореа два камиони кај Дудин Крш, нема повредени

од Radmila Tasevska

Косовската полиција денес соопшти дека во раните утрински часови изгореле два камиони во близина на градот Дудин Крш кај северниот дел на Косовска Митровица, јавува Економија онлајн.

Како што се наведува, нема повредени, но причинета е материјална штета.

„Во раните утрински часови било пријавено дека на локацијата Дудин Крш во Северна Митровица биле опожарени два камиона, кои биле на барикади. Покрај материјалната штета, нема повредени, а истрагата е во тек“, се вели во соопштението на полицијата.

Слични содржини