Костадиновска-Стојчевска: Во Филхармонија од старт знаеја дека Џез оркестарот само привремено оди на нивна адреса, трајното решение е на повидок

од Vladimir Zorba

Од првиот состанок, уште кога ја формиравме новата Национална установа на џез музичари и на сите состаноци што ги имав со претставници на Филхармонијата и со претставници на Синдикатот на Национална установа Филхармонија им кажав дека не е целта во еден објект да има две национални установи, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија.

-Тоа е така од привот момент на формирање и од првиот момент кога таа информација ја помина владината процедура работиме на изнаоѓање решение на тој проблем. Тоа им беше укажано неколку пати и на Синдикатот и на вработените во филхармонијата, но сепак тие одлучија тоа да не го послушаат и заради некои други нереални проблеми да протестираат. Јас она што им го кажав и ќе го остварам. Решението за таа нова Национална установа ќе биде пронајдено, бидејќи не е цел да имаме нови национални установи коишто ќе бидат понатаму оставени токму како Македонска филхармонија – 70 години да го бараат своето просторно решение, рече Костадиновска-Стојчевска.

Слични содржини