Котлар: Советниците на премиерот пред интервјуто требаа да се информираат за да се деде соодветна изјава

од Берта Китинска

Мислам дека проблемите доаѓаат од лошите одредници во Договорот, вели  историчарот Наташа Котлар во емисијата Само Виситна.

-Во Договорот во преамбулата се споменуваат добрите намери на двете страни иако не ми се допаѓа дека сето тоа е на интерес на бугарскиот и македонскиот народ, а по тоа следи дека ќе се направи се да се забележи заедничката историја, во самиот текст видов повикување на светски одредби и членот 8 во која првата точка се однесува на културните односи, втората ни се сервира дека треба да има мешовита комисија која врз основ на докажани документи ќе ја толкува историјата и да одбележуваме заеднички истории. Тоа значи дека само се спроведува на прагматична политичка цел која не е одбранета од наша страна, вели Котлар

Таа вели дека штом има огромна научна продукција која треба да се разбере требало премиерот ако лично  не може тогаш неговите советниците да се информираат за да деде соодветна изјава.

Слични содржини