Ковачев: Макрон не може да ги гарантира нашите интереси за С. Македонија

од Nikola Popovski

Бугарија не може да прифати како гаранција ниту една усна или писмена изјава. Изјава во име на претседателот на Франција, Емануел Макрон, или во име на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен или кој било друг, не е гаранција, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„За нас гаранција може само да биде доколку нашите точки од рамковната позиција и Декларацијата на бугарскиот парламент, како и елементите на Договорот за пријателство и добрососедство бидат вклучени во преговарачката рамка што треба да ја усвојат сите земји-членки“, рекол бугарскиот европратеник.

Ковачев истакнал дека „од страна на Скопје нема раздвижување за ниту една од темите кои се важни не само за Бугарија, туку и поврзани со основните европски и човечки вредности“.

„Нашата позиција се точките што ги предложивме да се вклучат во преговарачката рамка за пристапување на РСМ што треба да биде прифатено од сите земји-членки во советот. Ако претседателот Макрон има нешто ново да и каже на Бугарија, треба да знаеме. Но, во никој случај не треба да се согласуваме ако некој искаже нешто однадвор и рече дека се јавува за да ни го даде тоа што треба да го прифатите“, рекол европратеникот во изјава за „БГНЕС“.

Според него, во моментов е нејасно за предлозите од Елисејската палата.

„Во моментов е апсолутно нејасно што има да каже новиот претседател Макрон, што прифатија во Скопје, бидејќи тие се земја кандидат и мора да ги преземат сите чекори за надминување на омразата, дискриминацијата и фалсификувањето на историјата, сето тоа поврзано со југословенскиот комунистички режим“, заклучил Ковачев.

Слични содржини