Ковачевски: Доколку има зголемување на цената на струјата, тоа ќе биде најмало во регионот

од Nikola Popovski

Планот за производство за 2022 година е поголем за 20% од планот за минатата. Притоа не ги оставаме на страна инвестициите. Овие 12 проекти ќе дадат поголемо производство. Сега ЕСМ располага со 1400 мегавати моќ, од кои 1100 се функционални. Со овие капацитети ние ќе го стабилизираме производството и ќе го зголемиме. 12 проекти се во тек. Во 2018 кога го презедовме ЕСМ имавме нула проекти на нас. Во 2019 година за три години го купивме Когел, триесет мегавати десет мегавати инвестиравме во Осломеј, вели директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски во Дневникот на ТВ Сител.

Во однос на тоа дали ЕСМ повторно ќе побара зголемена цена на струја, Ковачевски вели дека универзалниот снабдување ЕВН Хоум добива два пати годишно пресметки и понуда од ЕСМ.

-Согласно законот Владата ја одредува цената на струја. Ние се обраќаме до Владата. Од 1. јануари до 30. јуни има една цена и од 1.јули до 31. декември има друга цена. За овој период дадовме и пресметки и цена. Сега правиме понатмаошни пресметки. Со вакво производство, и зголемено и стабилно и со намалено купување, јас очекувам цената да биде со најмало зголемување не во државата, туку и во регионот, рече Ковачевски на прашањето дали се очекува повторно зголемување на струјата.

Слични содржини